Попладнево во Будва било регистрирано пукање од огнено оружје, а според неофицијални информации објавени од подгоричкиот портал „Борба“, едно лице го загубило животот.
Полицијата засега не ја потврди информацијата за убиство, но на местото на настанот биле распоредени голем број полициски службеници, а градот бил под засилени безбедносни мерки. Полицијата ги контролира приодите кон Будва, додека е во тек интензивна потрага и истрага.
Итните служби брзо реагирале, но според достапните информации, повредите на ранетиот маж биле фатални. Мотивот за пукањето и идентитетот на лицата инволвирани во инцидентот засега не се познати.
Во меѓувреме, Полициската управа соопшти дека телото на С. М. од Будва било пронајдено во селото Марковиќи. Се наведува дека полицијата презема сите законски предвидени мерки и дејствија со цел утврдување на сите околности под кои настапила смртта.
Од полицијата најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана откако ќе се соберат повеќе информации за случајот.

