Пукање на Пластичарска - нападнати татко и двајца синови, едно лице однесено на Ургентен

Едно лице со повреда од огнено оруже е пренесено во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, доцна синоќа, објави Алсат-М. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на Пластичарската улица во Скопје после 21:30 часот.

Неколку непознати машки лица во продавницата и ги нападнале двајцата синови на сопственикот. Кога таткото дошол да види што се случува еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.

Тогаш напаѓаните го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.

Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата за Алсат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега