Судија во Апелацискиот суд во Тирана е убиен за време на судско рочиште.
Напаѓачот кој засега е непознат влегол во судницата и го застрелал судијата Астрит Каљаја. Веднаш бил пренесен во болница кадешто му била пружена медицинска помош.
Како што јавуваат тамошните медиуми, по пукотницата во судот имало бројни полициски сили. Напаѓачот е уапсен, но идентитетот и мотивите за убиството засега не се соопштени јавно.
Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.
Останува нејасно како убиецот можел да мине преку неколку физички проверки и детектори за метал.