Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Првото утро во септември најавува пеколен ден – УХМР ги измери температурите во 8 часот

    Првото утро во септември најавува пеколен ден – УХМР ги измери температурите во 8 часот

    01.09.2026 во 08:282 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги измери температурите низ Македонија на првото септемвриско утро. Според мерните станици, ова утро е најсвежо во Берово каде се измерени 18 степени, по што следи и Попова Шапка, како и Крива Паланка со 19.

    Кавадарци со 25 степени е најтолото место ова утро во осум часот во Македонија.

    Во Скопје утринава се измерени 24 степени.

    Денеска во земјава се очекува претежно сончево и топло време, со појава на мала до умерена облачност. Во одредени места, особено во попладневните часови, атмосферата ќе биде нестабилна, па се можни локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

    Ветерот ќе биде слаб до умерен и главно ќе дува од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 степен, додека дневните максимални температури ќе достигнат меѓу 31 и 37 степени.

    Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со повремена мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 21 степен, а во текот на денот се очекува да достигне до 37 степени.

    УХМР

    Слични временски услови се очекуваат и во следните денови. Ќе преовладува сончево и топло време, но попладне ќе има можност за развој на локална нестабилност. Најизразена нестабилност се очекува во среда и четврток, кога на места се можни невремиња проследени со силен ветер, пороен дожд и грмежи, а не е исклучена ниту појава на град.

    Од петок, како и во текот на викендот, повторно се очекува стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.