Прво интервју на Бајден по изборите: Трамп го измени лицето на државата ќе мора тоа да го промениме

 

Новоизбраниот претседател на САД,Џозеф Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Во првото интервју по изборите што го даде за американската телевизија НБЦ, Бајден зборуваше за процесот на трансфер на власта и за другите проблеми со кои ќе се соочи за време на неговиот мандат.

Имајќи предвид дека администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп го покрена процесот на трансфер на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден посочи дека неговиот тим се обидува да го информира новиот американски претседател за сите настани.

"Администрацијата веќе почнува да подготвува дневни извештаи што ќе ги примам како претседател. Исто така, организираме состанок со тимот на COVID во Белата куќа за да се договорат за условите за дистрибуција на вакцината, што треба да им биде достапно на сите луѓе", рече Бајден.

Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како Обама.

"Се соочуваме со сосема поинаков свет отколку што беше во администрацијата на Обама. Претседателот Трамп целосно го смени лицето на државата и ќе мора да го смениме тоа", рече Бајден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа