Првата недела од март ќе донесе прекрасни промени за три хороскопски знаци - се ќе им оди од рака

Сонцето престојува во последниот знак од хороскопот, а за време на периодот на владеење на Рибите, енергијата е убава, но интензивна. Чувствуваме емпатија, но и ранливост и соочување со себеси. Оваа недела ни носи имагинација и можност да го видиме светот во поинакви бои, а ќе биде најубава за три хороскопски знаци.

Близнаци – се враќа назад вашата мотивација

Изминатите неколку недели ве истоштија до бесвест, драги Близнаци. Марс – планетата на амбицијата и виталноста се движеше низ вашата дванаесетта куќа на духовност каде во голема мера ја почувствувавте интензивната енергија на Марс. Додека Марс ве поттикнува да се осврнете на себеси и да се ослободите од своето его, тоа истовремено правеше да се оддалечите од своите цели. Ова е период кога Марс ја осветлува вашата петта куќа на себеси и добивате неверојатно ново чувство на мотивација.

Водолија – се враќа вашата самодоверба

Како што моќниот Меркур и спонтаниот Јупитер ги зближија своите сили во вашиот знак, чувствувате силна самодоверба. Сакате да излезете од она место каде се чувствувате најпријатно и да научите нови нешта. Имате и подобро расположение, но и енергија да бидете поактивни на различни полиња.

Риби – се заљубувате во малите нешта

Ова е ваша сезона, а вие чекорите со невидлива круна на главата. Откако Венера навлезе во вашиот знак, расположени сте за мали ритуали кои ви го разубавуваат секојдневието. Можеби се гледате во огледало и уживате во тоа што го гледате. Оваа недела универзумот ве поттикнува да откриете страна од себеси која често ја занемарувате.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега