Прва изјава на Јуриќ по веста дека малата Данка е убиена: Снимката од Виена беше сламка спас за која се држев

Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Игор Јуриќ, изјави дека по петтиот ден, гледајќи го сопственото искуство на неговата ќерка Тијана, не бил оптимист дали двегодишното девојче ќе биде пронајдено живо.

-Јасно кажав дека се плашам и дека мора да се случи чудо за девојчето да се најде живо. Сите чекавме чудо по видеото од Австрија, за мене тоа беше сламката спас за која се држев, но се сомневав дека епилогот сепак ќе се случи таму каде што исчезна девојчето, изјави Јуриќ за РТС.

Тој посочи дека има многу нелогичност и дека различните дезинформации од медиумите некако укажувале дека е вмешано и блиското семејство.

– Повеќе ни е лекција дека треба да чекаме официјални информации, да ја слушаме институцијата МУП да се огласи и потоа да го кажеме нашиот суд – рече Јуриќ.

Додаде дека има луѓе кои сакаат да ја искористат тешката ситуација и нема да се двоумат да направат нешто за да добијат некаква материјална корист.

– Ми се чини дека снимката од Виена беше добронамерна. Тој човек имаше најдобра можна намера да помогне во целиот случај, нагласи Јуриќ.

04.04.2024 - 23:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега