По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност посветена на подигнување на свеста за кардиоваскуларното здравје и превенцијата од кардиоваскуларни заболувања.

Тимови на ИЈЗ во 10:30 часот ќе постават пункт во трговскиот центар „Дајмонд мол“, каде граѓаните ќе можат да добијат бесплатен преглед и совети од стручни лица. Пунктот ќе го посети и министерот за здравство Сашо Клековски.

Од ИЈЗ посочуваат дека целта на активноста е преку директен контакт со граѓаните да се истакне важноста на редовната грижа за здравјето, навременото препознавање на ризик-факторите и усвојувањето здрави животни навики.

Exit mobile version