Резултатите од проектот „Заштита и превенција од родово базирано насилство во Северна Македонија“, кој се реализираше од 2021 до 2026 година, денеска ќе бидат презентирани на завршен настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје.
Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
На завршниот настан ќе бидат презентирани клучните резултати и постигнувања, како и активностите реализирани во изминатите пет години за унапредување на системот за превенција и заштита од родово базирано насилство.


