Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска реализираше исплата од речиси 94 милиони денари, наменети за поддршка на земјоделскиот сектор во државата. Со оваа финансиска инјекција се опфатени околу 2.430 земјоделци.

Најголемиот дел од средствата се насочени кон производителите на ориз.

„89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година“, соопштија од ресорното министерство.

Дополнително, преку интервентниот фонд и програмите за поддршка, исплатени се и средства за складирање на пченица и јачмен од домашно производство во износ од над 3,3 милиони денари, како и поддршка за предадена оризова арпа. Од МЗШВ порачуваат дека приоритет останува зголемувањето на конкурентноста и одржливоста на домашното производство.

Exit mobile version