Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денеска информираше за напредокот во повратот на Данокот на додадена вредност (ДДВ) и преку програмата „Мој ДДВ“.
„Заклучно со вчера, на сметките на граѓаните се исплатени 552 милиони денари.
Подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари“, посочи Петрова.
Петрова појасни дека застој во исплатата може да настане поради технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е невалидна трансакциска сметка на граѓанинот.

