Протестираат ученички од исламско училиште во Тетово - бараат државата да го признае како средно

Стотина ученички од женската медреса „Иса Бег“ во Тетово маршираа до Муфтиството на ИВЗ во градот, за да го искажат своето незадоволство од непризнавањето на ова теолошко училиште како средно, објави Алсат.


Тие бараат од муфтиството да го реши овој проблем, бидејќи и покрај тоа што завршуваат четиригодишно образование, потоа не можат да се запишат низ универзитетите во земјава. Ученичките, кои на протестот излегоа заедно со нивните родители, сакаа да поднесат барање и во тетовското Муфтиство, но наидоа на затворени врати.

22.09.2021 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа