Владата соопшти дека е завршен проектот за отворање на базен во училишниот двор на ОУ „Невена Георгиева“ во Општина Кисела Вода. Со реализацијата на проектот, како што информираат од прес-службата на Владата, учениците добиваат нов и современ простор за спорт, рекреација и едукација, кој поттикнува здрави навики и активен животен стил.
-Воедно, се подобрува училишната инфраструктура и се создаваат услови за квалитетно образование и целосен развој на учениците. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, нагласуваат од Владата.


