Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати жестоки обвинувања до поранешното раководство на СДСМ, тврдејќи дека Зоран Заев и партијата со години не ги негирале аудио-снимките во кои се споменува огромен поткуп. Според Петрушевски, прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака му предал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев преку посредникот Зоран Милески – Кичеец.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека овие средства, според снимките од 2020 година, биле наменети за „бизнис услуги“ и политички инженеринг во критични моменти за државата.

„Во снимките јасно се слуша како Дака му вели на Кичеец дека парите што му ги дал на Заев биле искористени за изборен инженеринг за референдумот. До денес, негирање од страна на Заев и СДС за овој случај – нема“, изјави Петрушевски.

Exit mobile version