Вчера во 14:10 часот во СВР Велес, 60-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје.
Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати.
Како што е пријавено, на местото наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лицето од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите. Исто така, според пријавеното, лицето во два наврати го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Братoт на Ивана открива – Стојанче бараше 30.000 евра за да си оди и ѝ се закануваше со оружје
- ЈСП со важно известување до граѓаните: Од сабота воведуваме нов возен ред – проверете ги линиите пред да тргнете на работа
- Во сообраќајка повреден тинејџер од кавадаречко – пијан и без дозвола возел автомобил, па се превртел
- Семејно насилство во скопско: Брат крвнички ја нападнал сестра си, па ѝ го демолирал и автомобилот
- Апсења на повеќе локации во Скопје – приведени шест лица
- Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028
- „Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза
- Инцидент во Идризово: Затвореници се претепале со тврди предмети, еден завршил со убодна рана на Клиника


