Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, денеска упати остри критики до Владата, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски за пасивност додека цените на основните продукти вртоглаво растат. Од опозициската партија алармираат дека поскапувањето на нафтата веќе го повлече бранот на поскапувања кај лебот, зејтинот, млекото и јајцата, оставајќи ги граѓаните со празни џебови.
Поповиќ истакна дека најавеното покачување на платите од само 1.667 денари е „минорно“ и нема никаква вредност во сегашната скапотија.
„За само три месеци, растот на цените изеде над 2.500 денари од буџетот на граѓаните. Празните фрижидери не можат да го чекаат Мицкоски. Денес 1.600 денари вредат колку два килограми домати, краставици, табла јајца и само 4 литри бензин“, изјави Поповиќ.


