Пропадна изборот за шеф на Вишото скопско јавно обвинителство
На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран шеф на Вишото скопско јавно обвинителство.
Официјалното образложението беше дека на членовите им било потребно дополнително време за да ги разгледаат оценките и досијеата на пријавените кандидати, пренесува Фокус.
Случајно или пак не, седницата почна со задоцнување од час и половина, по консултации на членовите во канцелариите.
Во ,,трката” за шеф на ова обвинителство се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. Седницата е одложена за следниот понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа