Пронајдено починато тело во Гази Баба

На 16.03.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во својот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат А.З.(41).

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

17.03.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега