Пронајдена бомба во основно училиште во Србија: Полицијата на терен

Експлозивна направа е пронајдена во основно училиште во Смедерево, Србија. Училиштето е евакуирано, а полицијата врши увид.

Според информации на медиумите во регионот, од Полициската управа Смедерево, учениците веднаш биле евакуирани од зградата, но се уште не се знае за каква бомба се работи.

Бомбата наводно била пронајдена во еден од магацините на училиштето, а ја пронашол еден од вработените во училиштето.

Полицијата во моментов го обезбедува училиштето.

Како што стои во написите, се претпоставува дека се работи за експлозивна направа од пред 20 години.

„Се претпоставува дека е поврзана со наставата од пред 20 години. Тогап наставата беше на тема одбрана и заштита, но има уште нешто таму што не знаеме што е. Полицијата е тука и ќе истражува за што се работи. Истрагата е во тек“, изјави за Телеграф.рс директорката на ОУ „Бранислав Нушиќ“.

27.03.2023 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега