Иако сме календарски во пролет, утрово делови од Македонија се разбудија со температури под нулата. Најстудено беше во Берово и на Попова Шапка каде се измерени -4 степени Целзиусови.
Минусни температури се забележани и во Лазарополе (-1), додека во Струмица и Маврово е измерена нула. За разлика од нив, најтопло утрово беше во Велес со измерени 7 степени.
Дневните температури сепак ќе бидат во пораст, но со најава за локални врнежи во попладневните часови.
„Најниска температруа од -4 степени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови… Највисока снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка“, се наведува во утринскиот извештај.
Во главниот град Скопје, максималната температура ќе достигне до 15 степени, со променлива облачност и северен ветер.


