Програмерка откри слабост на системот за самопопишување: Со користење VPN секој може да се попише

 

Македонска програмерка открила голема слабост во системот за самопопишување. Објавувајќи во Фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ таа посочи дека секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство.

аидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно. Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања. Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го поплнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше "Друго" или нешто слично. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнува адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан, пишува порграмерката.

Таа отвара дилема, дали сега таа повторно ќе биде попишана  од страна на државните попишувачи.

- И сега се прашувам 2 нешта 1. Зошто не постои подобра заштита која мене од Македонија би ми оневозможило да се само-попишам? 2. Дали сега, кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса, ќе бидат исклучена од физичкиот пописот, да ме прескокнат т.е. како да не се бројам 2 пати еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваа?, прашува таа.

Инаку, VPN е алатка која ја редиректира вашата IP адреса на друго место. Па така, користејќи VPN вие лажно можете да покажете дека сте приклучени од друга држава. Алатката обично се користи за пиратерија на интернет просторот со цел да не може да биде откриено од каде сте приклучени. Се користи и за апликации и програми кои поради разни причини се забранети во Македонија. Со користењето на VPN програмата која сакате да ја користите не може да препознае дали се приклучувате од недозволена зона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега