Close Menu
Press24
    Најново

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прогласен најпаметниот град во светот

    Прогласен најпаметниот град во светот

    26.08.2026 во 19:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цирих и во 2026 година е прогласен за најпаметен град во светот, седма година по ред. Швајцарскиот град повторно се најде на врвот на Smart City Index на Меѓународниот институт за развој на менаџментот – IMD, во конкуренција на 148 градови од целиот свет.

    Рангирањето не се базира само на тоа колку технологија користи еден град, туку и на тоа колку таа технологија реално им го олеснува животот на граѓаните. Се оценуваат економската и технолошката инфраструктура, квалитетот на живот, животната средина и инклузивноста.

    Особено важен дел од индексот е перцепцијата на самите жители, односно како тие го оценуваат секојдневното функционирање на градот. Цирих е единствениот град што годинава добил вкупна оценка ААА.

    На второто место е Осло, а потоа следуваат Женева, Лондон, Копенхаген и Дубаи. Лозана е седма, што значи дека Швајцарија има дури три града меѓу најдобро рангираните.

    Индексот годинава донесе и неколку поголеми поместувања. Вашингтон напредувал за 23 позиции и стигнал до 39. место, додека саудискиот Ал Ула скокнал за 27 места и се искачил на 85. позиција. Најдобро рангиран американски град е Бостон, на 35. место.

    Но, ниту најпаметниот град во светот не е без проблеми. Дури 82 проценти од жителите на Цирих го посочиле прифатливото домување како најголем предизвик, 60 проценти се загрижени поради сообраќајните метежи, а 47 проценти ја издвоиле невработеноста.

    Слични проблеми се повторуваат и во другите градови опфатени со истражувањето. На глобално ниво, најчесто се издвојуваат високите трошоци за домување, сообраќајниот метеж и безбедноста.

    Резултатите покажуваат дека „паметен град“ не значи само повеќе апликации, сензори и дигитални услуги, туку пред сè град кој успева технологијата и јавните политики да ги претвори во подобар и поедноставен живот за своите жители.

    Прочитај повеќе

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Мајкрософт создава AI доктор?

    23.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.