Close Menu
Press24
    Најново

    Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ

    25.03.2026 во 16:25

    Семејното насилство расте: МВР со полни раце работа, приведени насилници во осум градови

    25.03.2026 во 16:20

    Муцински од Варшава: Полска останува нашиот најгласен сојузник на патот кон ЕУ

    25.03.2026 во 16:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ
    • Семејното насилство расте: МВР со полни раце работа, приведени насилници во осум градови
    • Муцински од Варшава: Полска останува нашиот најгласен сојузник на патот кон ЕУ
    • Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб
    • Мирослав Илиќ итно хоспитализиран
    • Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија
    • Нови детали од судењето за „Пулс“: Дискотеката воопшто не постоела во даночниот регистар на Општината
    • Ветиле мито од 50.000 евра за Европски пари: Обвинетите за злоупотреба со средства од ИПАРД-програмата седнаа на обвинителна клупа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ

    Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ

    25.03.2026 во 16:252 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Професорот од Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Дарко Данев, ја поднесе својата кандидатура за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за мандатниот период 2026 – 2029 година. Со богато академско и менаџерско искуство, Данев влегува во трката со визија за модерен и меѓународно конкурентен универзитет.

    Данев, кој два мандата (2016 – 2023) успешно раководеше со Машинскиот факултет, во својата биографија бележи значајни реформи, вклучувајќи вработување на 47 нови кадри и решавање на имотно-правниот статус на факултетот. За време на неговиот мандат беше решен и горливиот просторен проблем на ФИНКИ преку отстапување објект за времено користење.

    Во фокусот на неговата програма се студентите, дигитализацијата и поврзувањето со индустријата. Како декан, тој веќе воведе иновативни стипендии за најдобрите бруцоши и работеше на инклузивноста на факултетот.

    Професорот Данев својата мотивација ја сублимира во слоганот: Од „УКИМ – набљудувач“ до „УКИМ – создавач“.

    „УКИМ има капацитет да биде двигател на развојот на државата. Мојата цел е да изградиме универзитет кој ќе биде препознатлив по знаење, иновации и вредности, и кој ќе ги задржува и развива најдобрите млади кадри“, истакнува Данев во својата кандидатура.

    Со меѓународно искуство стекнато во Шведска, Германија, САД и Јапонија, Данев ветува унапредување на квалитетот на наставата и поголема поддршка за младите истражувачи на најстариот универзитет во земјава.

    Популарно

    Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ

    25.03.2026 во 16:25

    Семејното насилство расте: МВР со полни раце работа, приведени насилници во осум градови

    25.03.2026 во 16:20

    Муцински од Варшава: Полска останува нашиот најгласен сојузник на патот кон ЕУ

    25.03.2026 во 16:14

    Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

    25.03.2026 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.