Судскиот процес за „Онкологија 2“ денеска продолжи со шокантни детали за финансискиот колапс на Клиниката во времето на Нино Васев и Нехад Нухи. Сведокот, поранешен финансиски раководител во ФЗО, пред судот потврди дека долговите на Клиниката вртоглаво пораснале кон крајот на 2021 година, додека директорите постојано барале „уште пари“ за терапии надвор од позитивната листа.

Највпечатлив дел од сведочењето беше признанието дека на Клиниката не постоел стручен конзилиум кој би одлучувал кој пациент ќе добие скапа биолошка терапија. Наместо систем, одлуките често паѓале во кабинетите на директорите. Дополнително, беше споменат и случајот на пациентка на која Васев лично ѝ дал лек „под рака“, без да биде заведен во регистарот, со образложение дека „има само три шишенца“.

Додека обвинителството реди докази за штета од 36 милиони евра, одбраната на Васев тврди дека се работи за политички монтиран процес, напаѓајќи ги сведоците за наводен конфликт на интереси поврзан со веледрогерии.

Exit mobile version