Вчера околу 03:10 часот на паркинг простор од бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Б.К (40) од Турција и А.Д.(56) од с.Слупчане, општина Липково.
Имено, по преземени мерки, Б.К. е затекнат како од автобусот, со кој патувал од Турција кон Косово, извадил еден пакет кој го предал на А.Д., кој бил со патничко возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки. Откако А.Д. го зел пакетот и го ставил во своето возило, бил запрен од полициските службеници кои извршиле контрола во возилото и при тоа во пакетот е пронајден jод, без соодветна документација (материја за која што за нејзино внесување, чување и продавање подлежи на посебни лиценци издадени од Министерство за здравство).
Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Муцунски предложи пет столба за соработка со Турција: Од енергетика до борба против сајбер-напади
- Крај за дивеењето по улиците: Изгласан законот за „Safe City“, казнувањето запонува
- Измамник му ветил работа и престој во Скопје – Турчин останал без 6.650 евра
- Тепачка во училишен двор во Скопје: Расправија на социјални мрежи заврши со насилство и повреден малолетник
- (ФОТО) Ги фатиле „живи“ додека мереле дрога: Падна четиричлена дилерска група
- Македонец и Турчин паднаа директно во рацете на полицијата – шверцувале специјални материи
- Трагедија во Скопје: Пронајден починат 45-годишен маж во сопствениот дом
- Хорор на игралиште во Центар: Разбојници со нож нападнале малолетник пред очите на неговите другари

