Вчера околу 09:00 часот во атар на с.Град, делчевско, кај место викано „Трендафилово“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка.
Лицето кое носело пушка се дало во бегство, но набргу, по преземени мерки, е пронајдено и лишено од слобода. Констатирано е дека се работи за Т.С.(48) од с.Град. Во негова близина е пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“ за која е утврдено дека била во сопственост на неговиот починат дедо.
Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 и 228 од Кривичниот законик.
- Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?
- Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски
- Ифтарска вечера организирана од Коњановски
- ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен
- Почина Архиепископот на Грузија, Илија II
- Израелски удар во срцето на Техеран: Убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб
- (ВИДЕО) „Реки од народ“ во Техеран: Масовна поддршка за иранските воени операции
- Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста


