Close Menu
Press24
    Најново

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала

    17.03.2026 во 22:29

    Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади

    17.03.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението
    • Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала
    • Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади
    • Глобален интернет колапс: Паднаа Facebook и YouTube
    • Пеколна ноќ во Багдад: Нападната амбасадата на САД со ракети и дронови
    • Подгответе се за шок: Авио-картите ќе поскапат
    • Во недела се слават Младенци – Денот на љубовта и првата година од бракот – еве ги обичаите
    • Митева: Кочани е аларм, системот мора да функционира доследно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените

    Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените

    29.12.2025 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

    На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и за случувањата ноќта на пожарот. Одбраната на еден од обвинетите, Александар Нацев, тврди дека тој не бил реален сопственик на фирмата „Рубикон“, ниту одговорно лице.

    Обвинителот Борче Јанев во воведните зборови истакна дека овој процес е чекор кон утврдување на личната и институционалната одговорност.

    „Не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи. Трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во смртоносна стапица“, порача Јанев.

    Сите обвинети, вклучувајќи ги сопственикот Дејан Јованов, поранешните градоначалници на Кочани и екс-министрите за економија, се изјаснија за невини. Тие ја оспоруваат основаноста на обвинението, тврдејќи дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на нивна индивидуална вина.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“. Истрагата покажа дека објектот со години работел без соодветни дозволи и противпожарна заштита.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка

    17.03.2026 во 18:01

    Внимавајте ако патувате: Снежен колапс во делови од регионот

    17.03.2026 во 18:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.