Продадено Ламборџинито на Трамп – цената ќе ве распамети

Lamborghini Diablo VT Roadster, во сопственост на Доналд Трамп, е продадено на аукција.

Цената која ја достигна е 1.1 милион долари.

Ова возило било направено по нарачка на Трамп, во 1997 година во боја која е опишана како „ле ман сина“.

Интересен факт е дека во моментот таа боја не била достапна, но сепак Трамп успеал да го добие тоа што посакал.

На вратите има плочка на која пишува „Donald Trump 1997 Diablo“, што го прави оргинално.

Моторот“ на овој автомобил не е менуван и работи на 5,7-литарски „V12“ кој испорачува 492 коњски сили и развива брзина до 325 км/ч.

30.01.2024 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега