Приведено лице во Струмица за шверц на половина тон суров тутун

На 02.12.2022 во 12.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково.

При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

03.12.2022 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега