Приведено лице во Охрид - пронајдени пари од кривично дело

Полициските службеници вчера во 19.00 часот во Охрид го уапсиле 31-годишниот Ѓ.З. од с. Љубојно, ресенско.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од полицијата.

07.07.2022 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега