Приведено едно лице во Струмица, при претрес пронајден опиум

 

Приведен е 33-годишен жител на Струмица кај кого при претрес е пронајден опиум.

Утрово, во 8 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д. К. (33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.03.2023 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа