Приведени тројца тинејџери - во возилото со кое се превезувале пронајдена марихуана

 

Вчера во 21:10 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане  ги лишиле од слобода Ш.М.(18), А.З.(19) и Д.Л.(18), тројцата од Тетово.

При преглед во возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.М., кај нив била пронајдена марихуана. 

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

21.10.2024 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега