Приведени тројца крадци во Битола

На 09.06.2023 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Р.(33) и Ј.И.(35), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.

Исто така, на 09.06.2023 во 19.30 часот во Битола, од слобода бил лишен Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети.

 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

10.06.2023 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега