Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведени сопругата и ќерката на газдата на Пулс

    Приведени сопругата и ќерката на газдата на Пулс

    25.03.2025 во 11:51Updated:25.03.2025 во 19:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Пулс од вчера вечер се во полициска станица во Скопје, дознава Прес24 од полициски извори. Според нашите информации, тие биле повикани во полиција во текот на вчерашниот ден при што им биле одземени 5 мобилни телефони. Според неофицијални информации, една од двете жени се сомничи дека ја земала фалсификуваната лиценца од Министерството за економија. Ниту МВР ниту Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација.

    Од МВР потврдуваат дека се вршат претреси и дека имаат одземено телефони но без повеќе детали

    „ Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. При тоа извршени се претреси на пет локациии во Кочани и Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.“ – велат од МВР

    Слично е и соопштението на Обвинтиелството.

    “Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.“ – велат од ЈО

    Прочитај повеќе

    Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар

    06.10.2026 во 13:18

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.