Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Уапсени „рибари“ од Охрид, рибареле без дозвола
- Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта
- Со брзо возило „јагуар“ гостиверец удрил пешак
- Тепачка меѓу двајца млади во кафуле
- Прегазена жена во Кавадарци
- Фајнанс Тинк: Растот во третиот квартал има солидна динамика, но потребна е фискална претпазливост
- Мицкоски со порака од Конгресот: Македонија може, знае и ќе успее
- Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

