Вчера во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција.
При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките.
Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Падна Фејсбук: Корисниците пријавуваат сериозни проблеми, апликацијата не се вчитува
- Македонец уапсен во Албанија
- Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
- Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
- Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
- Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип


