На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

