Close Menu
Press24
    Најново

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11

    Го врзале со селотејп: Адвокатот на Кајмаковски открива морничави детали од киднапирањето

    04.03.2026 во 18:54

    Русија тестира систем за предупредување во случај на избувнување на Трета светска војна

    04.03.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот
    • Го врзале со селотејп: Адвокатот на Кајмаковски открива морничави детали од киднапирањето
    • Русија тестира систем за предупредување во случај на избувнување на Трета светска војна
    • Драма во Драчево: Полиција запрела возач без дозвола, па пристигнале две возила со неколку лица во одбрана
    • Путин нареди итна евакуација: Илјадници руски туристи го напуштаат Блискиот Исток со специјални авиони
    • Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер
    • Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците
    • Кривични пријави, руско масло во бугарската пропаганда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведен висок функционер од кабинетот на Нетанјаху

    Приведен висок функционер од кабинетот на Нетанјаху

    11.01.2026 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж за попречување на текот на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“.

    Според весникот, станува збор за шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој бил приведен и однесен на распит поради сомнежи дека се обидел да ја попречи истрагата поврзана со оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“.

    Истражители од елитната полициска единица за тешки кривични дела „Лахав 433“ утрово извршиле претрес во домот на Браверман, по што тој бил приведен и однесен на испрашување во седиштето на единицата во градот Лод, под сомнеж за попречување на правдата.

    Приведувањето следува по тврдењата на поранешниот портпарол на Нетанјаху, Ели Фелдштајн, кој е обвинет во случајот. Тој навел дека Браверман знаел за тајната истрага за протекувањето информации со месеци пред таа да стане јавна и дека го уверувал дека ќе може да ја запре истрагата.

    Во претходно интервју за телевизијата Канал 12, Фелдштајн изјави дека Браверман побарал да се сретнат доцна навечер во подземен паркинг во воениот штаб „Кирија“, каде што го информирал дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнале истрага за протекување доверливи информации.

    Цахи Браверман, инаку, во наредните месеци треба да ја преземе функцијата амбасадор на Израел во Обединетото Кралство.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција

    04.03.2026 во 14:41

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.