Ноќеска во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена.

Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.

Exit mobile version