Приведен ученик во Охрид, украл пари


Вчера полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Р.(19) од Охрид, ученик во средно училиште во Охрид.

Тој се сомничи дека од ученичка во училиштето одзел пари. Парите биле пронајдени кај него и биле вратени на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.03.2024 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега