Вчера во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од Прилеп.
Истиот ден околу 06:45 во ОВР Прилеп било пријавено дека по претходно случена сообраќајна несреќа во Прилеп, настанала расправија и М.М. со остар предмет му нанел повреди на М.Џ.(43) од Прилеп, по што се дал во бегство, се наведува во полицискиот билтен.
Но, по преземени мерки, М.М. е лишен од слобода и предаден на ОВР Прилеп, а по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.