Вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска.
Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките. З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
- ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот
- Иран негира дека има каква било врска со инцидентот во воената база во Англија
- Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети
- Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД
- Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија
- Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција
- Мицкоски од Брвеница: БДП порасна 4,3 отсто, растот мора повеќе да се почувствува во платите и семејните буџети
- Радичевски: Сплотени и обединети со конкретни проекти да продолжиме да ја градиме и развиваме Брвеница

