Вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска.

Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките.  З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version