Вчера околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Мокриево, струмичко,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокриево, без возачка дозвола.

Во несреќата малолентикот од с.Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Exit mobile version