Приведен странски турист во Охрид - среде ноќ непристојно се однесува кон минувачи

 


Вчера во 03 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е М.К.(49), државјанин на Република Австрија.

Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија.

Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

18.10.2024 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега