Приведен лихвар од Кичево

 


Вчера во 15.30 часот  во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

16.10.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега