Приведен криминалец баран со потерница - веднаш споведен во Идризово

 


Вчера во 20.45 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.Х.(40) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

21.10.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега