Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара Македонија да биде изолирана за да продолжи со местење тендери
- Стан во Кисела Вода продаден за речиси 3.000 евра по квадрат
- Ѓорѓиевски: Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во историјата со рекордна реализација на инвестиции
- ВМРО-ДПМНЕ најави вонредна прес-конференција
- ВЛЕН со остри критики за ДУИ: Речникот кон меѓународните партнери е тешка навреда за САД и ЕУ
- Четврта година по ред: По 3.000 денари од Општината за матурантите во Крива Паланка
- Лукаревска: Цените вртоглаво растат, а Владата нема конкретни мерки за заштита на стандардот
- Драстичен пад на температурите во Македонија: Од утре променливо, во четврток минимални 3 степени


