Времето утре променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува, соопшти УХМР.
Според официјалните податоци, најниската температура во земјава ќе се спушти до 5 степени во Берово, додека максималната ќе достигне до 24 степени во Гевгелија.
Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје утре температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 20 степени, со услови за слаб утрински дожд.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Во периодот од четврток до понеделник, минималните температури на места ќе се спуштат дури до 3 степени, додека максималните во деновите што следуваат ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени.


