Приведен дилер од тетовско за издржување казна затвор од четири години

 


Вчера во 16.45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

11.09.2024 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега